Друштво за управување со отпад ЕЛЕКТРО ЕКО ГРИЖА ДООЕЛ Скопје е непрофитна организација која согласно Решение бр. од издадено од Министерство за животна средина и просторно планирање е лиценциран самостоен постапувач со отпадна електрична и електронска опрема. Примарна дејност на ЕЛЕКТРО ЕКО ГРИЖА ДООЕЛ Скопје е управување со отпад која ја остварува преку спроведување на проширената одговорност на производителот-членка на Друштвото. Наша основна цел е воспоставување на функционален систем за постапување со отпадна електрична и електронска опрема во соработка со трговци, општини и рециклатори заради обезбедување на максимална количина на собирање, преработка и рециклирање на е-отпад и исполнување на националните цели за собирање, повторна употреба и рециклирање на е-отпадот на начин кој нема да создава дополнителен терет на животната средина и животот и здравјето на населението на Република Северна Македонија.
ЕЛЕКТРО ЕКО ГРИЖА интензивно ќе работи на организирање на системот за управување со отпад од електрична и електронска опрема, информирање на крајните корисници за потребата од одделно собирање на отпадот, организирање на собирни места, преземање активности за укажување на потребата од преработка, реупотреба и/или рециклирање на отпадната електрична и електронска опрема. Сето ова со цел постигнување на националните цели за собирање, преработка и реупотреба и/или рециклирање на отпадната електрична и електронска опрема и намалување на можните негативни влијанија и последици врз здравјето на луѓето и животната средина.
Закон за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема
Закон за проширена одговорност на производителот за управување со посебните тековни на отпад
ОБВРСКИ НА САМОСТОЈНИОТ ПОСТАПУВАЧ
New text element
- Да обезбеди дозвола за управување со посебен тек на отпад издадена од надлежен орган согласно одредбите од Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебни текови на отпад, како и со прописите за посебните текови на отпад
- Да води евиденција за видот и количината на производите што се пуштени на пазар за предметната година за кои постои обврска за преземање на проширена одговорност
- До стручниот орган да достави квартален извештај за количеството на производи и количеството и видот на отпад од посебниот тек на отпад пуштени на пазарот во Република Северна Македонија до 30 - тиот ден од месецот по завршувањето на секој претходен квартал.
- Најмалку 65% од висината на надоместокот што би го платил за претходната година согласно со прописите за посебните текови на отпад да ги потроши за инвестирање во инфраструктура, како и за собирање, транспорт, преработка, рециклирање и отстранување на отпадни производи и/или посебен тек на отпад со кој управува.
- Со цел информирање на јавноста и подигање на јавната свест за управување со посебните текови на отпад, должен е да потроши најмногу 10% од вкупниот износ на надоместокот што би го платил во претходната година, сразмерно на количината на тек на отпад со кој управува
- Да воспостави и да одржува електронски систем на база на податоци.
КАТЕГОРИИ НА ЕЛЕКТРИЧНА И ЕЛЕКТРОНСКА ОПРЕМА НА КОЈА СЕ ОДНЕСУВААТ ОБВРСКИТЕ НА ПРОИЗВОДИТЕЛОТ :
Категорија 1 - Опрема за температурна размена
Категорија 2 - Екрани, монитори и опрема која има екрани со површина поголема од 100 cm2
Категорија 3 – Светилки
Категорија 4 - Голема опрема (секоја опрема кај којашто некоја надворешна димензија е поголема од 50 cm). Оваа категорија не ја опфаќа опремата вклучена во Категориите 1, 2 и 3.
Категорија 5 - Мала опрема (секоја опрема кај којашто ниту една надворешна димензија не е поголема од 50 cm). Оваа категорија не ја опфаќа опремата вклучена во категориите 1, 2, 3 и 6.
Категорија 6 - Мала информатичко-комиуникациска технологија и телекомуникациска опрема (секоја опрема кај којашто ниту една надворешна димензија не треба да е поголема од 50 cm).
ОБВРСКИ НА ПРОИЗВОДИТЕЛОТ
- Производителите кои за прв пат пуштаат на пазар или увезуваат како крајни корисници опрема за сопствени потреби во Република Северна Македонија, се должни да се регистрираат во органот на државната управа надлежен за вршење на стручните работи од областа на животната средина;
-Регистрацијата се врши со доставување на барање за регистрација, од страна на производителот до Стручниот орган;
-Производителот на опремата и прозводителот на материјали и составни делови на опремата се должни при проектирањето, дизајнирањето и производството на опремата да преземат мерки и активности со кои ќе се обезбеди: намалување на употребата на опасни супстанции, олеснето расклопување и демонтирање, повторна употреба. рециклирање или на друг начин преработка на отпадната опрема, нејзините составни делови и вградени материјали;
-Производителот е должен опремата која ја пушта на пазар, на видливо место да обезбеди јасно видлива, читлива и прикажана на неизбришлив начин ознака за обврска за одделно собирање на отпадната опрема;
-Производителот е должен да се грижи за отпадот што се создава по употреба на производот;
-Производителот е должен да обезбеди и организира систем за собирање на отпадната опрема од домаќинствата каде повратниот прием и собирањето на отпадната опрема од домаќинствата се врши на начин на кој крајните корисници и трговецот кој ја презема отпадната опрема од домаќинствата ќе ја враќаат бесплатно со цел понатамошно постапување и постигнување на целите за собирање и целите за преработка на отпадната опрема;
-Производителот е должен да соработува со трговецот во чии простории се пласираат производите кои тој ги пуштил на пазарот заради преземање на заеднички мерки кои имаат за цел да поттикнат собирање на отпадни производи од крајните потрошувачи, како и да обезбедат опрема за одделно собирање на отпадот што се создава од отпадните производи, заради нивна повторна употреба, преработка или рециклирање на посебниот тек на отпад и со тоа постигнување на националните цели;
-Заради постигнување на националните цели, производителот самостојно или преку колективниот постапувач е должен, да соработува со општините, општините во градот Скопје и Градот Скопје и регионалните системи за управување со отпад заради преземање на заеднички мерки кои имаат за цел поттикнување на одделно собирање на отпадните производи, како и да воспостават собирни центри и друга инфраструктура за одделно собирање на отпадни производи и посебни текови на отпад заради повторна употреба, преработка и рециклирање на посебниот тек на отпад;
СОБИРАЊЕ НА Е-ОТПАД
ПРАВНИ ЛИЦА
- Во системот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема на ЕЛЕКТРО ЕКО ГРИЖА ДОО Скопје вклучени се Општини, ЈКП, рециклатори и транспортери кои ја покриваат целата територија на државата. Нашиот систем обезбедува ефикасно и еколошко постапување со отпадната електрична и електронска опрема. Отворени сме за соработка со сите лиценцирани оператори за постапување со отпадна електрична и електронска опрема.
ФИЗИЧКИ ЛИЦА
-Современиот начин на живот диктира постојана замена на електричните и електронските уреди, што резултира со зголемен е-отпад. За да го организира правилното собирање и управување со овој отпад, Електро Еко Грижа, како лиценциран самостоен постапувач, ја воспостави ЕКО ЛИНИЈА – услуга која им овозможува на граѓаните да се ослободат од е-отпадот на безбеден и законски начин.
Преку ЕКО ЛИНИЈАТА – 071-381-489, секој работен ден, наши екипи организираат бесплатно преземање на е-отпад од вашите домови. Условите се уредите да бидат исклучени од вода и струја и поставени на достапно место за преземање. Граѓаните потпишуваат изјава за типот на отпадот што го предаваат, согласно Законот за управување со отпад, со кои можат правилно да ги отпишат неисправните уреди и да докажат дека го предале отпадот во согласност со еколошките стандарди.
Електро Еко Грижа ги повикува сите граѓани да ја користат ЕКО ЛИНИЈАТА како безбеден, лесен и сигурен начин за справување со е-отпадот, придонесувајќи кон заштита на животната средина и здравјето на луѓето.
Потребна документација за избор на правно или физичко лице согласно повикот: